ДЛУМ на годишно Собрание ќе избира членови на Управен и Надзорен одбор и на Уметничкиот совет
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Домот на Армијата ќе одржи годишно Собрание. Според Дневниот ред, ќе се бираат нови членови на Управен и Надзорен одбор, како и на Уметничкиот совет
На Собранието, исто така, од страна на ДЛУМ ќе бидат презентирани досегашните активности и идните планови на здружението.
Како што е најавено, дополнителна активност е формирање и на надворешни комисии кои ќе имаат за цел поголема активност на ДЛУМ, како на домашната така и на меѓународната ликовна сцена.