Едно од креативните решенија како ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени е промена на државниот грб која како отстапка би ја направиле другите партии, смета универзитетскиот профсор и експратеник Александар Спасеновски.
Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој во вторникот рече дека можеби треба да се размислува за предлогот за црвен лав на жолта позадина со 5 кули кој во 2014 за државен грб го предложи владата на Никола Груевски, а доби и позитивна оценка од ДУИ, но на крајот не помина во Собрание.
Причината поради која ДУИ тогаш го прифати предлогот е дека грбот на многу стари албански семејства исто така е лав, како и грбот на градот Тирана, додека круната е и општ симбол за скопското Кале.