Интервјуа

Македонија како древна нација, ја дала базичната цивилизација и култура на Европа.

Ексклузивно интервју со Почесниот Амбасадор на Монголија во Република Македонија, Неговата Екселенција Леетив Намдаг Јанчхивин

МК.  – Леетив Намдаг Јанчхивин, дипломат, архитект, слободен уметник, моден дизајнер, поет, расказувач, преведувач . . . Кој е всусност Леетив НамдагЈанчхивин?

Л.Н. Во непрегледниот простор на монголската степска рамнина, во семјеството на номадот Бадарчх Намдаг Јаншхивин се родило машко дете со син печат на газето, како седмо чедо на номадското семјество и благословен потомок на познатиот монголски клан Омбо. Да, иземајки ги сите горенаведените титули, јас сум срекно роден монголски номад и својот живот го живеам како безгрижен номад, каде и да сум на планетата земја, во исконската соодветност и космполитскиот прагматизам во духот на монголскиот човек.   

И.МК.  – Од кога датира вашиот прв контакт со Македонија, кога првпат дојдовте овде и кој беше васиот прв впечаток за земјава?

Л.Н. Како стипендист на Мегународна Техничка Соработка помегу Народна Република Монголија и СФРЈугославија, прв пат зачекорив на библиската Македонска земја во април месец 1969 година. Амбасадата на Монголија во Белград одлучи да студирам на Архитектонски Факултет на Универзитетот “Кирил и Методија” во Скопје, бидејки по катастрофалниот земјотрес градот Скопје се градеше интензивно со помош на мегународната заедница, по урбанистичкиот проект на познатиот Јапонски архитект Кензо Танге. Поради актуелности на новите градби и архитектонско проектирање, се сметаше дека најдобро е да студирам во Скопје. Мојот прв впечаток за земјата Македонија и за лугето тука, беше изненадувачки по многу нешта, но и помалку збунувачки. Кога со воз патував од Белград до Скопје бев одушевен гледајки еден сосем друг свет (во споредба на панаромна слика на мојот роден крај), зелени гори со густа шума, рамни полиња, ниви посадени со некакви земјоделски култури (за мене непознати), дрвореди со високи дрвја и рекички. Но за мене најинтересното беше кога покрај патот гледав по некој човек со две крави или со три кози, што беше смешно за мене, за разлика од кај нас, каде на пример еден човек номад, чува или надгледува околу 1500-2000 овци или кози, 500-800 коњи или крави итн. Мојот прв впечаток во однос на лугето во Скопје беше необично интересен, на пример поради тоа што лугето се разбегуваа од улиците кога паѓаа првите капки дожд, што за мене беше чудно и необично, во однос на тоа како ние Монголите живееме и гледаме на таквите природни климатски услови. Во номадско-сточарскиот живот, при неговите секојдневни обврски, човекот номад е мокар до гола кожа од  дождови, многу е нормално, облеката да се исуши на него додека тој ја напасува стоката или врши други секојдневни работи.    

                                   

И.МК.  – Овде во Македонија ја пронајдовте и својата љубов, својата животна сопатничка . . . 

Л.Н. Велам на шега …. дека убавото чупе од кај “Широк Сокак” во Битола успеало да ме привтаса бркајки ме упорно за цело време. Космичките знаци и ѕвездите се поклопиле по нашиот универзален Лунарен Хороскоп и ме соедини во брак со убавата чупе Андроники со потекло од Беломорска Македонија. Покрај сите наши тешки и непријатни доживувања како семјество од мешан брак во годините на соц-комунистичкото тоталитарно општество како во Југославија така и во Монголија, живеејки и преживувајки  на два континента, успеавме да опстанеме цврсто како семјество благодарение на нашата взаемна верба и љубов.  

И.МК.  – Можам да забележам дека Македонскиот јазик го говорите на рамниште на домицилен Македонец, беше ли тешко да се совлада јазикот на кој денес дури и  творите ако не се лажам.

Л.Н. Морам да признам дека не беше толку тешко да го научам Македонскиот јазик, но моето претходно знаење на Рускиот јазик допринесе побрзо да го совладам Македоскиот литературен јазик. За време на моите студии на Архитектонскиот Факултет, освен што мораше успешно да ја следам наставата на Македонски и Српски јазик, бев со отворен пристап кон луѓето, со многу желба и интензивна комуникација во секакви средини и како што поминуваше времето, дури ги научив и локалните говорни дијалекти како например велешкиот, струмичкиот, кумановскиот или тетовскиот говор. Да, во право сте кога велите дека пишувам (творам) на Македонски јазик и преведувам од Македонски на мојот мајчин Монголски јазик и обратно. Бројни македонски автори како што се Блаже Конески, Матеја Матевски, Веле Смилевски, Бранко Цветкоски, Разме Кумбароски, Славе Г.Димоски и нивните литературни творби, поезији се преведени и публикувани на Монголски јазик во престижни литературни и поетски списанија во координација на Монголската Академија за уметност и литература. Мојата долгогодишна соработка со институцијата на “Струшки Вечери на Поезијата” резултираше да бидат преведени и издадени на Македонски јазик “Антологија на Современата Монголска Поезија” и поедини Монголски поети како што се Гун.Аyурзана, Б.Галсансукх, О.Менд-Ојо, Дан.Њамаа, А.Ердене-Ошхир и други поети. Да, пишувам поезија на Македонски јазик еднакво и на мојот мајчин Монголски јазик. Севишниот Тенгер (Бог) подарил малку повеке уметничка дарба и талент да животот биде исполнет со креативно творење во повеке области на убавата уметност. Дали ке ја искористиме подарената дарба во нашиот живот додека чекориме по мајката земја, останува на нас. 

И.МК.  – Во Македонија многу малку се знае за Монголија, информациите за неа многу ретко доаѓаат во нашите мас медиуми, каква е Монголија денес!  

Л.Н. Монголија како древна нација и секој Монголец се препознава во светот по големиот освојувач Џингис Кан, создател на најголемата империја “Great Mongolian Empire” која некогаш постоeла во историјата на планетата земја. Територијата на големата империја го зафаќала Евро-азискиот континент, почнувајки од најјужните азиски мориња и островските земји, преку централна Азија, цела Кина и Русија, па се до централна Европа, Полска, Унгарија, Австрија дури до Дубровник – Хрватска, што е речиси половина од копното на земјината топка. А зошто денес маллку се знае за Монголија не само во Македонија туку воопшто во светот? Главната причина е педесетгодишната затвореност на Монголија, долг период кога Монголија се наогаше во тоталитарен комунистички режим, кога информациите беа ограничени поради црвената политичка идеологија која владееше во таканаречениот “Источен блок” на соц-комунистички земји во кои припаѓаа СССР, Бугарија, Полска, Унгарија, Чехословачка, Романија, Монголија, Кина и делимично Југославија. Но, сега откако земјата се отвори кон светот, после промена на бившиот тоталитарен политички систем, кога власта ја преземаа Новите Демократи, информациите за земјата се достапни во целиот свет преку современите информативни системи и мас медиуми. Брзото ширење на информациите во светот, за било која земја, зависат од степенот на развој на политичко-економскиот, културно-уметничкиот и туристичкиот потенцијал. Активностите на соодветните владини ресори и дипломатските претставници на земјата мора да бидат вонредно ангажирани и активни за соодветни информации како во  мегународните така и за домашните мас медиуми и комерцијални пропаганди. Сметам дека сепак има доволна информација за мојата земја овде во Република Македонија, но во иднина ќе бидеме уште поангажирани во таа насока, а тоа го потврдувам како Почесен Конзул на Монголија во Република Македонија. Монголија денес земја со Парламентарна демократија, пазарно ориентирана  економија, со закони и правни норми за права и слобода на својите граѓани соодветно на регулативите на ОН и мегународните позитивни закони.                                                                       

И.МК.  – Што просечниот жител на Монголија, знае за Македонија денес ?

Л.Н. На ово прашање би рекол дека обичниот граѓанин на Монголија имаше многу повеке информации за Македонија, додека Македонија беше составен дел на федеративна Југославија, бидејки Југославенската Амбасада во УлаанБаатар имаше долгогодишна традиција од преку 40 години, откако беа воспоставени дипломатски односи помегу Н.Р.Монголија и С.Ф.Р.Југославија. Се сеќавам добро дека непосредно пред да тргнам на студии во странство, отидов пред Југославенската амбасада да дознаам нешто повеке и да прочитам на информативната табла која беше поставена пред амбасадата. Покрај тековните информацји на ТАНЈУГ, посебно ме привлече една информација за одржана манифестацијата „Избор на Мис на Југославија“, која беше пресудна за мојата одлука да студирам во Југославија. Но, да се вратам на сегашната ситуација, колку знае монголскиот грагјанин за Република Македонија! Со оглед на тоа дека Македонија нема Амбасада во Монголија туку Амбасадата на Македонија во Пекинг ја покрива Монголија, што е ист случај и со Монголија, бидејќи Монголската Амбасада во Софија дипломатски ја покрива Република Македонија. Но и покрај ваквата ситуација сепак има повеке видови на соработка помегу нашите две земји, во областа на културата и уметноста, во помал обем на економска , трговска и туристичка соработка. При секоја моја посета на родната земја, повеке пати се емитувани документарни емисии за Македонија на националната телевизија во Монголија за и мохголските гледачи да можат да се запознаат со убавините на прекрасната Македонска земја. Во оваа насока , важно е да се напомене и редовното учество на монголски поети на манифестацијата Струшки вечери на поезијата, размена на културно-уметнички и фолклорни групи, учество на монголски уметници сликари на ликовните колони кои се организираат во Р.Македонија итн . . .    

И.МК.  – Долго време сте во Македонија, каков е вашиот впечаток за односите на двете земји и постои ли можност и покрај големата оддалеченост, да се изнаоѓаат нови форми на соработка!

Л.Н. Со Декрет на Преседателот на Монголија, бев назначен за Почесен Конзул на Монголија во Република Македонија, а Почесниот Конзулат на Монголија беше официјално отворен во Скопје на 3ти Јуни 2015 година. Веднаш по отворање на Почесниот Конзулат, дипломатската соработка мегу нашите две земји е унапредена во повеке правци, како што е одбележување на 25 годишнината од воспоставување на дипломатски односи на Монголија и Македонија, взајмно олеснување на визниот режим за граѓаните на нашите две земји, билатерална и мултирална соработка, взаемното членување во групата на земји без излез на море, интензивирање на трговска економска соработка преку стопанските комори на двете земји итн. 

                                                                                 

                                                            5

И.МК.  – Амбасадата на Монголија во Софија ги покрива дипломатските активности во Македонија, дали Софија е центер на Монголската дипломатија на Балканот е избрана поради прагматиќни причини или можеби поради историските контексти наназад низ вековите!     

Л.Н. Веднаш да одговорам дека Софија не е центар на монголската дипломатија на Балканот, туку тоа е така најповеке поради економски а како што забележувате и поради реални прагматични прицини. Инаку постојат дипломатски центри во другите земји на Балканот, во главните градови на бившите југославенски републики. 

И.МК.  – Присутни сте на речиси сите поважни културни настани во земјава, дотолку повеќе што долги години наназад ве поврзуваат силни и искрени пријателства со голем број уметници, поети, писатели кои ја задолжија современата македонска култура, би издвоиле ли некои од нив!

Л.Н. Јас сум по професија архитект, а по вокација сум слободен уметник со оваа земска слобода (поет, преведувац, моден цреатор и дипломат по службена должност). Јас, на своите 6 години (пред да почнам да одам на училиште) знаев да цртам најсложени орнаменти, Тоа го научив од мојата мајка, номадската жена Сангикханд, која поседуваше исклучителна дарба за уметност. Иако таа не беше писмена, многу вешто везеше орнаменти на волнените килими уште од нејзината најрана младост. Таа нејзина креативност се исполуваше и во годините во кои ги одгледуваше своите десет деца. Мојата преокупација за уметност во најширок смисол ми е всадена уште од моето најрано детство, при моето номадско битисување во пространата Монголска степа, за која  бесконечно сум благодарен. Мојата прва ликовна изложба ја имав во средното училиште и подоцно за време на моите студии во Скопје, но изложував и во времето кога работев како архитект во УлаанБаатар. Во тоа време, бев и моден креатор, но и технички супервизор за познати американски текстилни компании од Њу Јорк, Лос Анџелес и Сан Фрациско. Во оваа насока би напоменал дека имав голем број на изложби и во многу градови од балканските земји вклучувајки ја и нашата Македонија.              

 Опстанокот и смислата на мојот живот е длабоко впиена, во божественото величење на универзалната убавина, на убавата уметноста за која живеам со целото битие во мојот овоземен живот. Да, јас сум присутен секаде каде што се случува уметност и во таа убавина ги наоѓам моите пријатели уметници, поети, писатели и сите оние кои ја задолжиле современата Македонска култура и уметност. Тука би ги споменал моите почитувани професори по ликовна уметност Љубомир Белогаски, Петар Мазев, академските сликари В.Тасковски, Д.Малиданов, П.Кузманоски, Д.Ставре Стадим, Н.Трајковск, Р.Амети и многу други ликовни творци, Другарувам со нив во светот на убавата уметност, но исто така и со уметници од поновата генерација. Голема чест ми е да истакнам дека Друштвото на писатели на Македонија ме прими во своето стадо како почесен член на ДПМ за мојот скромен допринос на афирмација на Македонската култура и литература. Со голема радост се дружам и со голем броји истакнати литературни дејци, поети и писатели од Македонија, тука пред се мислам на Радован Павловски, Илхами Емин, М.Матевски, В.Смилевски, Т.Петровски, М.Рендјов, Р.Сиљан, С.Стојцевски, Е.Клетников, Славе Г.Димовски, Г.Босњакоска, К.Николовска, П.Гилевски, Х.Петрески, Р.Г.Јацев, В.Ацевска, В.Тоциновски итн . . . има многу други уметници, писатели поети и поетеси  од помладата генерација како например мојите драги пријатели А.С.Кукулев,  Т.Чатмов, Е.Пренџова, М.Мијаковска, верувајте списокот навистина е предолг…

ИМК.  – Која е вашата прва асоцијација кога ке се спомене Македонската култура денес . . . !

Таканаречениот стар континент Европа си припишува себе си, целата една историја на европската култура. Таа таканаречена “Стара дама” (постои и друг назив за неа) мошне добро знае дека Македонија како древна нација, ја дала базичната цивилизација и култура на Европа. Тоа е рак рана за Европските колонијалисти денес и затоа тие од петни жили се обидуваат да ги уништожат историските и научните факти и сакаат да ја уништат Македонската културна историја. Но, јас би им препорачал на моите сограѓани Македонци да бидат спокојни, Името Македонија, неговата историја и култура е запечатено за навек, испишано е на каменот на „Розета“ и исклесано на Македонското сонце со шестнаесет краци во Кутлеш . . . Ме прашувате каде е денес македонската култура? Покрај богатата традиција и огромниот потенцијал на македонската култура и уметност, за жал, денешната ситуација е повеке од трагична. Не би сакал понатаму да коментирам за оваа тема затоа што знам како уметниците и културните работници опстануваат и се одржуваат во живот воопшто, а камо ли да творат во такви услови? Јас сум сведок на таквата ситуација низ дружбата со моите блиски пријатели уметници, писатели поети и актери. Убеден сум дека и читателите на ова интервју, многу добро разбираат за што говорам.

                                                                                                                                             

ИМК.  – Што е оно што Македонците, па и жителите на Балканскиот (Македонскиот) полуостров задолжително мора да го знаат, доколку патуваат во Монголија.

Л.Н. Треба да знаат (Оние со кратковидна диоптрија и не мораат ) дека патувате во една од најегзотичните земји на светот, дека ќе запознаете една древна нација со исклучителна праисторија, народ кој со милениуми опстојува во централноазиската висорамнина, речиси уште од времето кога човекот застанал на своите две нозе. Патникот намерник ќе се запознае (треба) со брилијантната историја на големата Монголска Империја, за која споменав во горниот текст. Ќе запознаете еден исклучителен традиционален начин на живот, оној на Монголските номади (единствените вистински номади во светот денес) и мноштво од природна разноликост. Во Монголија можете да ги видите сите можни географски предели, како на пример волшебството на на пустината Гоби, пространата и бесконечната степска рамница… и како што патувате кон северот ќе ги видите прекрасните високи планини покриени со густа шума, езера, реки и прозрачно бистри потоци. Но за тоа, на патникот намерник, би му требало доста време, бидејки Монголија е голема земја (1.580.000км2) која (како за споредба) би била 80 пати поголема од Македонија. Секако, посетителот ќе има можност да престојува и во урбаните населени места, во градовите, а особено во престолнината УлаанБаатар, град кој пулсира со динамичен ритам и современа инфраструктура како сите големи светски светски центри. Има уште многу да се говори на оваа тема, но најважното што треба да го знаат балканските туристи е тоа дека се добредојдени во Монголија.

И.МК.  – Македонија поминува низ еден мошне динамичен период на политички превирања исполнет со тензии, притисоци во кои Македонските грагјани им останува многу мал простор за избор. Обично за “нивно добро” тие многу малку одлучуваат за себе, а најзначајните одлуки се носат во Вашингтон, Брисел, Берлин па дури и во Софија. Долго време сте во Скопје, па сакам да ве запрашам каде ја гледате Македонија за десет години од сега ?

Л.Н.  Пред било што да коментирам за политичките превирања во Македонија, од срце сакам да препорачам на секој Македонец и на целиот Македонски народ, да бидат горди на своето исконско потекло како староседелци на Македонскиот полуостров, да бидат горди на својата славна историја “GREAT MACEDONIAN EMPIRE” предводени од Македонските кралеви Филип втори Македонски и синот Александар Велики Македонски и со неколебливо да веруваат во себе како Македонци, како нација која дала напредна цивилизација и култура на Европа, и да бидат горди на тоа. Сесловенските просветители браќата Кирил и Методија, родени во семјество на македонски родители во Солун, Егејска Македонија. Бракјата Кирил и Методија описменувајќи ги Славјанските народи во нивната историска просветителска мисија, извршиле цивилизациски и културен препород на европскиот континент. Македонија денес е нападната од надворешни монструми и од локални предавници! Најпрво, од европските колонијални рептили со седиште во Брисел,кои имаат и свои пиони во Скопје. Второ, од јужниот сосед, народ без јасен идентитет, народ на кој му е препишана цела античка историја, благодарение на европските квази историчари. Трето, од источниот сосед, народ таканаречени Волгари (подоцна Булгари) кои потекнуваат од северо-западна Азија и низ вековите се преселувале кон запад за конечно да пристигнат во јужниот предел на Македонскиот полуостров, За да опстанат го попримиле јазикот (Старословенски односно СтароМакедонски) и верата (Христијанска православна) од староседелците на Македонскиот полуостров. Инаку Булгарите си имале свој јазик (денес непознат на самите нив), знаковно писмо (исто така непознат) за време на владеење на нивните Канови. Пред да станат Православни Христијани, тие најпрво го поопримиле Исламот, а истовремено говореле на Турски јазик. Малата Македонија е толку голема што нејзиното постоење е трн во око на големите демократи на Европа, Домашните предавници се посебна приказна (но за тоа во некоја друга можност) . Доволно да се потсетиме на Гоцевата реченица!

Каде ја гледам Македонија за десет години! Македонија ја гледам таму каде што е и никако поинаку. Власта треба да престане да врши террор врз својот народ со денонокно завивање ЕУ ЕУ ЕУ . . . ова ми наликува како едно новороденче во Македонија на кое првите зборови наместо мамо и тато мора да му бидат ЕУ ЕУ ЕУ . . .  На сите треба да им биде јасно , Името МАКЕДОНИЈА треба да се изговора со стравопочит, затоа што тоа име е прво испишано на античката карта на Европа. Упатувам најтопли поздрави за моите Македонски браќа и сестри. Нема да речам “главата горе” туку НЕКА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА.                                                                            

НА НАШИ МЕСТА ЈА ДА СИ ИДАМ ДА ВИДАМ СОЛУНСКО ПОЛЕ, ДА СЕ ИСКАЧАМ НА ПИРИН ПЛАНИНА ДА ВИДАМ ДАЛИ СОНЦЕТО И ТАМО… УГРЕВЈАТ КАКО И ВАМО.  

intervju.mk

                                                                                                                            

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *