Македонија Новости Топ Вести

LАNGSAM LANGSAM СО НАМАЛУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ

Ставот на Владата околу укинувањето на двете одредби за висината на платите на јавните функционери е јасен – Владата има дадено негативно мислење, испратено до Уставен суд во кое укажува дека Уставниот суд не треба да ја прифати иницијативата и дека треба да остане на претходните одредби, да не ги укине, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, сето ова може да се затвори со закон, но не е добро да се носат избрзани одлуки како реакција на нешто зашто така само може да се предизвика поголема штета.

– Дали со закон се решаваат сите проблеми околу избрани и именувани лица? Не. Дали може да се нанесе штета со избрзана одлука како реакција? Да, може, зашто со одлуката, освен функционери, министри и пратеници, се опфатени и судии и други именувани лица. Не треба да се носат решенија како реакција на одреден момент. Штетата може да биде многу поголема од носење одлука како реакција, одошто да се седне и да се најде одржливо решение за сите, на праведен начин – истакна Битиќи во гостувањето на „Вин-вин“.

Како што напомена Битиќи, ако методологијата за плати за целиот јавен сектор се усогласи со синдикатите, истата методологија ќе се реплицира и за избраните и именуваните лица.

-Сегашната плата на премиерот е во распон од 2,14 плати со просечната плата, а просекот во ЕУ е распон пет, во регионот 4. Дури и со новото покачување би отишле на распон 3,7 – 4. Но, велиме не, зашто состојбите се такви. Да најдеме решение кое овој распон ќе го направи адекватен за нашата држава – објасни вицепремиерот.

Тој најави дека Владата сака во април да се постигне договор со синдикатот за колективниот договор во јавниот сектор.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *