Култура

Водена Приказна : Книгата што не смеете да ја пропуштите

–        Таа сцена никогаш нема да ја заборавам, продолжи кира Георгина. Најпрво со десното колено, па веднаш потоа левото колено, стариот господин го започна своето своевидно ходочастие по широката улица во Русилово,очигледно упатен кон првиот двор на куќата што се наоѓаше на почетокот од селото. Со очигледно тежок напор старецот се доближи до влезната порта на куќата. Жената во црн фустан се обиде да му помогне отворајќи ја капијата од дворот кон која беше тргнал возрасниот господин. Влезе во дворот, по него влезе и жената што го придружува. Гримаса која неможе да сокрие болка се појави на лицето на старецот. Убавите светло-сини пантолони веќе беа искинати на колената по само неколку чекори на старецот. Неколку ситни камчиња веќе му се беа зариле во коленото со што движењето стануваше уште поболно. Домаќините од куќата во која влегоа непознатите странци, веќе беа мобилизирано собрани во својот двор воопшто незнаејќи што се случува. Жената во црн фустан говореше нешто на англиски јазик но никако не можеше да се разбере со домаќините во чиј двор влегоа. Незнам дали од возбуда или од болка во распараните колена, слушнав  агонично липтење на старецот кој ритмично повторуваше  im sorry…please forgive me…im really really sory…и повторно бледи погледи на недоразбирања меѓу насобраните луѓе во дворот. Во меѓувреме , помеѓу нив се појави и возачот на такси возилото кој успеа да преведе….

–        -Овој човек е дојден да ви се извини, затоа што во 1949 година, како пилот на британското воено воздухопловство истрелал напалм бомба на вашето село. На колена ве моли да му простите. Дворот замолче, замолчеа домаќините, молчевме ние децата, молчеше Русилово ! Само летниот лесен ветар ги нишаше лисјата на бршленот од влезната капија на куќата…

–        Молк што никогаш нема да го заборавам. Липањето на старецот стануваше се погласно а болката во колената изгледа уште понеподнослива бидејќи липтањето веќе се замени со крик од болка, кој верувам го слушнаа сите жители на Русилово тоа попладне. Милиметар по милиметар, влечејќи се на колена по каменитото патче кое водеше до дворот на соседната куќа. Панталоните на старецот повеќе немаа ногавици туку огромни дупки на колената околу кои имаше големи кругови од крв која почна незапирливо да тече како последица од безмилосното триење по каменитата патека. Im sory…please forgive me повторуваше старецот додека очите му се губеа под очните капаци од агонијата и болката која во моментот ја чувствува.

–        Простете му, тој ве моли да му простите, преведуваше возачот на такси возеилото, додека солзите на жената во црн фустан, безобразно капеа на земјата се повеќе и повеќе со секој нов направен чекор. Домаќините од куќата во која се беа упатиле странците веќе беа застанати на влезната порта, од најмало до најголемо и молкум го гледаа старецот кој пред нив се извива во ужасна болка, додека со последни сили се обидува да им се приближи…sorry, sorry … I apologize for all the children who did not grow up, for all the children who were not born … I apologize for all the people I drove to their deaths .. please forgive me

–        Извинете за сите деца кои не пораснаа, извинете за сите деца кои поради мене не се ни родија, извинете за сите луѓе од ова село кои јас ги отерав во смрт…ве молам да ми простите…повторуваше старецот чија отворена рана на колената веќе беше толку болна што под распараниот епител на кожата веќе се наѕираше коската извалкана од земја и ситни камчиња.

Сирената на брзата помош за момент ја прекина агонијата во очите на жената во црн фустан која се прекрсти во моментот кога ја слушна.

–        Што правите, зарем сте вие нормални, што му правите на човекот, извика докторот кој заедно со уште две медицински сестри истрча од болничката кола

Сите како да се сепнаа од траорната глетка која како во транс ја гледаа пред своите очи и притрчаа да им помогнат на медицинските работници, кои веќе го кренаа изгубеното старечко тело потонато во ужасна болка. Додека го внесуваа во возилото, тој имаше сила со прстот да ја повика жената во црно и со последните сили да и каже неколку зборови кои само таа можеше да ги слушне.

–        Што ви кажа, праша доктрот избезумен од глетката што ја затекна

–        he  asked you to drive to the end of the village before taking him to the hospital.. he wants to apologize to everyone…

–        Така и се случи. За прв пат, по негово барање брзата помош одеше полека до крајот на селото, по што заврте и во полна брзина се упати по патот за болницата во Воден, со надеж дека ќе стигнат на време и ќе успеат да му го спасат животот.

Колку е само непредвлив животот, помислував додека ја слушав кира Георгина, како долго и на широко говори за таа секвенца од нејзината младост. Колку навистина некој од горе гледа се’..ги повлекува свилените конци и си поигрува со животите на . театарските кукли што живеат на земјата, Последното што го слушнав во Русилово е дека, жената во црно всушност е ќерката на старецот (пилотот МекКензи ). Нејзиното име е Ема МекКензи и по смртта на татко и’, истата година во Единбург, на докторот од брзата помош му испратила писмо во кое детално го опишува последното предсмртно бунило на својот татко додека таа бдеела над неговиот болнички кревет во болницата Royal Infirmary of Edinburgh.

Драг докторе Ефтимиос

Ви благодарам за помошта што му ја пруживте на мојот татко во воденската болница. Без неа тој бездруго немаше да го издржи патувањето и враќањето во Шкотска. Речиси цело време по враќањето  од Грција, тој беше во кома. Повредите на колената дополнитолно му ја влошија состојбата предизвикана од долгогодишниот канцер. Ноќва за првпат ги отвори очите. Беше смирен и задоволен. Ми го раскажуваше својот живот наназад. Од тоа колку е спокојно во болницата, заедничкото патување во Русилово, за смртта на мојата благородна мајка, за прекрасниот брак со неа, за моето раѓање, за прекрасната свадба со мајка ми, за неговиот живот на неоженет пилот во  Лондон, за другарите од  воената академија во Единбург, за средношколските денови, за животот во основното училиште, за убавите денови поминати со тетка пеги која го чувала и негувала во неговите најмлади години…Дури ми зборуваше и за денот на неговата крштевка во crkvata Sent Patrik vo Edinburg. Знаеше да ги наброи сите присутни за време на ритуалот, за тоа колку била среќна неговата мајка Ен а мојата баба и колку татко му Гордон Мек Кензи бил среќен со неговото раѓање. Ми го опиша и моментот кога свештеникот го зема во својата прегратка да му пресече прамен косичка како еден од симболите при крштевање….

Но тогаш лесно се закашла, и ме праша

–        Ема , знаеш што држи овој свештеник во рацете ?

–        Не татко, одговорив…

–        Држи едно студено бебе…

Тоа беа неговите последни зборови

Мојот благороден татко, почина спокојно утрово во 05.17 часот.

Ема МекКензи

23.09.1989 година

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *